Роналдо објави видео од неговите најдобри моменти во Јувентус и порача: Ова е само почеток! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалецот минатото лето направи рекорден трансфер во Јувентус, но откако во вторникот „Старата дама“ беше елиминирана од Ајакс во Лигата на шампионите, се појавија гласини за крај на авантурата и негово заминување.

Сепак, откако „Бјанконерите“ денеска го обезбедија Скудетото и Кристијано Роналдо испиша историја (стана првиот играч со титули во Англија, Шпанија и Италија, ЦР7 изјави дека и следната сезона ќе биде дел од најтрофејниот клуб на „чизмата“.

Тој доцна вечерва испрати и порака преку социјалните мрежи каде објави видео од неговите најдобри моменти по преселбата во Торино во јули месец минатата година.

Покрај видеото Кристијано Роналдо напиша: „Шампиони на Италија! Горд сум што дадов придонес за испишување историја на овој прекрасен клуб, за кого ми е чест да играм и кој секогаш ми даваше поддршка. Среќен сум. Доминиравме во силно првенство, се боревме, сите заедно. Ова е неверојатна група! И ова е само почеток! Гранде Јуве“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×