162
Манчестер Сити и
Тотнем имаа нова пресметка на Етихад, овој пат во Премиерлигата. За разлика од
мечот во Лигата на шампионите, кога паднаа дури седум гола и имаше драма до
последните минуги, денеска немаше толку многу возбуда.
Љубителите на
фудбалот видоа само еден погодок, по една акција во 5. минута, Агуеро спушти со
глава за Фоден, кој на подалечната статива реализираше за 1-0.
Со оваа победа,
„граѓаните“ се вратија на врвотна табелата со бод повеќе од Ливерпул, но
проблем за Гвардиола е тоа што Кевин де Брајне се повреди во пресрет на
гостувањето на Олд Трафорд во среда и градското дерби со Манчестер јунајтед.