Бруно Алвеш со прекрасен гол од слободен удар во 87. минута му откина два бода на Милан! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На отварањето на
33. коло во Серија А, на „Енио Тардини“, Парма му откина два бода на Милан.

По едно мирно
прво полувреме, Кастиљехо го отвори резултатот во 69. минута. Шпанецот, кој само
180 секунди претходно влезе во игра, реагираше одлично по еден остар центаршут
на Сусо и со глава ја затресе мрежата на Парма.

Милан почна да
калкулира по водството, како одминуваше времето гостите повеќе мислеа како да
се одбранат, па Парма искористи една своја шанса да стигне до реми.

Борини направи
прекршок на работ од шеснаесетникот, а дефанзивецот Бруно Алвеш мајсторски го
префрли живиот ѕид и со прекрасен гол од слободен удар донесе 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×