Диего Симеоне
навести неизвесна иднина на Диего Коста во Атлетико Мадрид, откако шефот на
стручниот штаб на Јорганџиите во изјава за медиумите рече дека вратата за секој
фудбалер кој сака да си замине од клубот е отворена.
Коста одби да
тренира со своите соиграчи во четвртокот откако клубот отвори процедура против
него за црвениот картон на дерби пресметката против Барселона на Камп Ноу,
мошне значаен меч за Атлетико во битката за титулата во Примера, која тимот на
Симеоне на крајот ја загуби.
„Секој фудбалер
кој сака да си замине, може да си замине“ одговори Симеоне на прашањето дали
Коста би бил дел од тој состав и идната сезона.
„Ситуацијата со
Диего во овие моменти е ‘во
куќата’, ние го решивме тоа,
тој тренираше нормално“ додаде Симеоне кој притоа заклучи дека случајот од
дербито со Барса мора да остане минато, а сепак проблемот со напаѓачот бил
надминат и по неговиот „бојкот“ на тренингот, сепак вчера тренирал.
„Ние посакуваме
тој да се врати гладен за победи и голови, да го остави ова зад себе, тој не
уживаше добра сезона, имаше и повреда, но, ние се надеваме дека неговите
квалитети ќе ни донесат бенефит идната сезона“ заклучи Симеоне кој сепак најави
можност напаѓачот да остане во Мадрид.