Марка: Денови се во прашање за Реал Мадрид да го промовира мега засилувањето

by
1 минути читање

Реал Мадрид ќе го
официјализира трансферот на плејмејкерот на Челси, Еден Азар во деновите кои
претстојат, пишува Марка, а Белгиецот подолг период се поврзува со преселба во
шпанската престолнина.

Шпанскиот весник
минатиот месец пренесе дека договорот помеѓу Челси и Реал Мадрид е се
поблиску до реализација, а Кадења Копе
тврдеше дека Белгиецот барал куќа за престојување во Мадрид.

Во февруари
првата ѕвезда на Премиерлигашот изјави за медиумите дека речиси ја донел
одлуката за својата иднина, меѓутоа се уште истата јавно не е објавена, за него
постојат две опции од кои едната е многу поверојатна да се случи, да потпише
нов договор со Челси, или пак да се пресели во Кралскиот клуб кај неговиот идол
Зинедин Зидан.

Диарио оваа
седмица извести дека Челси е подготвен да ја намали бараната цена за Азар од
116 на 104 милиони евра, а од Мадрид имаат надеж дека истата ќе се спушти и до
90 милиони евра, што е големо приближување на обете страни во преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×