Манчестер Сити доживеа елиминација од Лигата на шампионите, а пред нив сега се две големи средби, против Тотнем и Манчестер јунајтед кои можат да бидат клучни за трофејот во Премиерлигата.
„Не разбирам зошто некои луѓе се сомневаат во менталната сила на овој тим кога во изминатите две години освоивме нешто што ниту еден англиски тим во историјата не успеал да го направи“, вели Гвардиола.
„За две сезони да освоите 183 бодови на пет кола до крајот, ниту еден тим во оваа земја не успеал да го направи тоа. Невозожно е. Овој рекорд тешко дека ќе биде срушен“.
„Едноставно не можете да освоите толку многу бодови ако немате силен менталитет“.
„Ние ќе бидеме судени според титулите што ќе ги освоивме, но тоа не значи дека треба да се согласам со мислењето на луѓето. Тоа се лични чувства. Кога ќе бидам суден за сезоната, не судите според офсајд одлуките или играњата со рака кои не ви биле досудени“.
„Ги гледам моите фудбалери како страдаат и се борат секои три дена во текот на сезоната и затоа нашите фанови се единствените луѓе за кои се грижам. Тие доаѓаат да ни дадат поддршка и да гледаат што правиме“.