Во последно време
зачестија сториите од Шпанија за трансфер на Лука Јовиќ во Реал. Откако Марка
го најави Србинот како новата 9-ка на „кралевите“, денеска и вториот мадридски
весник, АС пренесе дека напаѓачот следната сезона ќе игра во белиот дрес.
АС вечерва објави
нова сторија и откри дека Ајнтрахт се обидува како дел од трансферот на Лука
Јовиќ да добие еден бисер од школата на Реал.
Се работи за
перспективниот Педро Руиз, 19 годишно момче кое е високо 1 метар и 96 цм, има
одлична техника и осет за гол, игра во категоријата Хувенил А и го нарекуваат
„Ибрахимовиќ од Ла Фабрика“.
Ајнтрахт сака да
го позајми овој младинец на Реал и Шпанија, или пак да го купи и да им даде опција на „кралевите“ да го вратат во своите редови во иднина за одредена сума.