Лидс со 2-1 го загуби натпреварот на свој терен, тимот на Алиоски беше голем фаворит во овој меч но не освои ниту бод.
Виган уште во 14. минута остана со играч помалку откако Кипре заработи црвен картон, а Лидс доби пенал. Хернандез го промаши ударот од белата точка, но Бамфорд даде гол за водство на домаќините од 1-0.
Лидс имаше играч повеќе и водство од 1-0 и на крајот успеа да изгуби.
Пред крајот на првото полувреме Масеј изедначи на 1-1, а во 62. минута истиот играч даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа на Виган од 2-1.
Алиоски го одигра целиот натпревар.
По овој пораз на три кола до крајот Лидс падна на третата позиција на табелата, има ист број на бодови со Шефилд јунајтед но послаба гол разлика.