По елиминацијата
од Ајакс во Лигата на шампионите, медиумите од Италија пишуваа за развод помеѓу
Кристијано Роналдо и Јувентус. „Ла република“ пренесе дека Португалецот ги
известил директорите на „Старата дама“ дека заминување во 2020.
Сепак, новинарот
Еду Агире, кој е добар пријател на ЦР7 и беше во Торино во вторникот каде се
поздрави со играчот во микс зоната, вели дека нема вистина во ваквите стории.
„На Роналдо му е
преку глава да игра сам. Тој е најдобар стрелец на Јуве, најдобар асистент, постигнува
важни голви на големи натпревари… “ – вели Агире за емисијата “Чирингито“.
„Но не е точно
дека го известил директорите дека сака да замине“.
За „Чирингито“
коментар за ситуацијата на Португалецот додоа и новинарката Росио Мартинез и новинарот
Томас Ронсеро.
„Тој жали за
изборот што го направи. Свесен е дека погреши што го напушти Реал Мадрид за
Јувенутс“ – вели Мартинез.
Ронсеро, пак кој
е огромен фан на Кристијано Роналдо и дури пушти солзи по елиминацијата од Ајакс, се надева на
негово враќање во Мадрид.
„Враќање на Зидан
ни изгледаше невозможно, но се случи. Па зошто и Роналдо да не се врати сега?“