Нема фудбал во Холандија поради дуелот Тотнем-Ајакс, цела лига ќе мирува!

by
1 минути читање

Ајакс оваа недела
приреди ново чудо, го победи Јувентус среде Торино и по 22 години се најде
помеѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.

Клубот од
Амстердам во полуфиналето ќе игра против Тотнем а за првиот меч и гостувањето
во Лондон доби помош во форма на дополнителен одмор.

Фудбалската
федерација на Холандија откри дека целото 33. коло е одложено за 15. мај. Од
ФФХ посочуваат дека едно вакво сценарио било предвидено уште од почетокот на
сезоната.

Имано, било
договорено дека секој клуб кој ќе игра во Европа, мора да добие повеќе од 48
часа одмор. Ајакс на 28. април имаше меч против Де Графшап, а на 30. март
гостува кај Тотнем, па поради тие причини е превземен еден радикален чекор и
покрај тоа што одлуката не ја прифатиле најдобро сите клубови.

Проблем е тоа што
ФФХ сака праведност и може да се дојде до нефер предност доколку го одложи
само натпреварот Де Графшап-Ајакс. Домаќинот се бори за опстанок, а гостите за
титулата.

На 26. и 27.
април во Холандија се слави Денот на Кралот, па невозможно е да се помести
дуелот ден или два порано од претходно утврдениот термин (28. април) и на тој
начин Ајакс да има одмор повеќе од 48 часа во пресрет на дуелот со Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×