„Ѓаволите“
заиграа далеку подобро по отказот на Жозе Мурињо во декември и пристигнувањето
на Оле Гунар Солскјер, но сега влегоа во резултатска криза и забележаа дури пет
порази на последните седум меча.
Подолго време се
најавува дека летоска ќе има голема реконструкција на тимот, еден куп имиња се
поврзуваат со преселба на Олд Трафорд. Сепак, Норвежанецот уште еднаш
потенцираше дека нема да ги решат проблемите доколку во еден преоден рок донесат седум играчи.
„Мораме да бидеме
рални, знаеме дека не чека работа, но нема брзо решение. Не е толку едноставно,
луѓето си мислат дека ќе купиме седум играчи и ќе се најдеме на врвот, но не е
така“ – вели Солскјер.
„Мораме да одиме
чекор по чекро, и секако, летоска ќе донесеме засилувања“.
„Имаме скаути кои
бараат добри фудбалери на целата планета и ќе ги ангажираме оние играчи за кои сметаме
дека перфектно се вклопуваат во нашите планови. Треба да исполнуваат неколку критериуми како карактер,
цена, квалитет и долги години да бидат дел од овој клуб“.
„Убеден сум дека
ќе донесеме играчите кои ги сакаме“.