Таткото на
Лоренцо Инсиње имал тешки зборови за шефот на стручниот штаб на Наполи, Карло
Анчелоти, а тој бил „уловен“ од дел од италијанските медиуми каква била
неговата реакција откако го напуштил Сан Паоло синоќа.
Тутомеркато и
Радио Пунто Зеро пренесоа дека Кармин Инсиње бил толку лут за елиминацијата од
Арсенал во четвртфиналето од Лига Европа, што при излегувањето од арената
посочил дека Анчелоти е големо промашување за клубот.
Наполи ја загуби
првата пресметка против Премиерлигашот на гости со 2-0, а синоќа пред своја
публика имаше прилика да ја анулира таа негатива, но, на Сан Паоло една екипа
играше, друга го собра сиот плен, откако гостите славеа минимално со 0-1 и ги
откажаа Италијанците во походот кон полуфиналето.
Инсиње инаку
одигра 61 минута на реванш пресметката, а при излегувањето од игра доби свирежи
од гледалиштето, тој одби да се качи на трибините и од таму да го догледа
мечот, тоа го стори стоејќи крај клупата за резервни фудбалери, а неговите
соиграчи Кулибали и Гулам во изјава за Скај Спорт Италија застанаа зад него и
побараа од навивачите тоа да не го прават во иднина.