АС: Реал Мадрид е близу до договор со Ајнтрахт Франкфурт за Лука Јовиќ

by
1 минути читање

Ајнтрахт
Франкфурт си доби „златна кокошка“ во својот состав сезонава откако веќе ја
активираше опцијата да го откупи договорот на Лука Јовиќ од Бенфика за само
шест милиони евра, а бундеслигашот ќе добие богатство на лето при негова
евентуална продажба.

АС пишува дека
Реал Мадрид е мошне близу до договор со тимот од Франкфурт за 21
годишниот напаѓач кој игра во животна форма, откако скаути на шпанскиот гигант
цела сезона ги бележеа неговите настапи, како во Бундеслигата, така и во Лига
Европа, а имаа што да регистрираат во своите нотеси.

Одредени
информации кои веќе беа објавени низ германските медиуми, велат дека Ајнтрахт
Франкфурт би се согласил на продажба на Јовиќ на лето и тоа за сума од 50 до 60
милиони евра, а 20% од таа зделка би влегле во клупската каса на Бенфика.

Јовиќ постигна 25
погодоци во сите конкуренции оваа сезона, со осум погодоци во Лига Европа е на
делба на првото место на листата на стрелците заедно со Оливие Жиру од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×