Шест фудбалери добија казни за инцидентите на Сан Сиро, Кеси и Бакајоко поминаа без суспензија

by
1 минути читање

Кеси и Бакајоко избегнаа суспензија за парадирањето со дресот на Франческо Ачерби. Тие нема да бидат суспендирани, а видео од инцидентот нема да се гледа дополнително. 

Но Кеси е еден од шесте фудбалери кои заработија парична казна од по 10.000 евра. Тој, Андреа Бертолачи, Матео Мусакио, Луиз Фелипе и Патрик ќе ја платат таа сума поради тепчаката која се случуваше по мечот.

А Лукас Леива ќе плати 10.000 евра за навреда на вработен во Милан иако тој ги негираше таквите обвинувања.

Казна од 10.000 евра доби и Милан поради тоа што еден навивач го плукна тренерот на Лацио, Симоне Инзаги кој исто така ќе ја плати таа сума за навреди кон судијата Џанлука Роки кога беше испратен на трибините.

Спортскиот директор Игли Таре доби суспензија до 30. април поради изјавата дека неговиот тим знаел што ќе се случува на теренот во Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×