Луис Суарез има
32 години, па Барса полека размислува за иднината и бара наследник на
Уругваецот. Лидерите на клубто прават темелна студија бидејќи одлуката која ќе
ја донесат ќе биде од голема важност и нема простор за грешка.
Мундо Депортиво
вели дека внатре во Барса се води голема дебата за тоа по кого да се тргне. Од
една страна е проверениот Антона Гризман, кој е докажен голгетер и може да биде
купен без да се преговара. Французинот има откупна клаузула од 120 милиони
евра.
Од друга страна е
младиот Лука Јовиќ кој има одлична сезона во Ајнтрахт и се најавува како
селдната голема ѕвезда. Цената на Србинот е двојно помала од онаа на Антоан
Гризман, но тој се уште не е докажен на највисокото ниво.

МД додава дека
има и трета опција, во името на Маркус Рашфорд. Лидерите на „каталонците“ се
прилично импресионирани од 21 годишниот фудбалер на Манчестер јунајтед. Тој е
млад, одлично технички поткован и може да игра во шпицот на нападот но и по крилните
позиции и да креира опаност благодарејќи на својот добар дриблинг и брзина.
„Ѓаволите“ тешко
дека ќе се откажт од својата млада ѕвезда, но Барселона внимателно ја следи
ситуацијата и веднаш ќе скокне доколку преговорите помеѓу двете страни за
нов договор влезат во ќор сокак.
Маркус Рашфорд е
обврзан кон Манчестер јунајтед до 2020 и иако подолго време се разговара за
продолжување на соработката, се уште нема абер за нов договор.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.