УЕФА отвори истрага против Црна Гора поради расизам на мечот со Англија

by
1 минути читање

УЕФА отвори
дисциплинска постапка против Црна Гора поради сомневање за расизам од трибините
на арената во Подгорица на мечот со Англија, кој Гордиот Албион го доби
убедливо со 1-5 во рамките на квалификациите за ЕП 2020.

Како што пренесе
коментаторот на ББС, Јан Денис, Дени Роуз бил еден од главните фудбалери на
Англија кон кого домашната публика упатувала расистички коментари и извици од
гледалиштето.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

https://t.co/7nMmKXYIQ0pic.twitter.com/uUzIDfFhYQ

Морам да кажам
дека се чувствувам многу непријатно како што слушам расистички извици кога Дени
Роуз ја има топката, сево ова не е воопшто убаво
“ пренесе Денис за непријатната
ситуација со која се соочи Роуз, како и останатите црномурести фудбалери на
Гордиот Албион.

Стерлинг се одзва
со коментар на социјалните мрежи и на најубав можен начин одговори на
расистичките провокации од страна на Црногорците, објавувајќи фотографија со
неговиот најдобар можен одговор, голот во петардата на Гордиот Албион.

Најдобриот начин
за да ги замолчите хејтерите (и секако, мислам на расистите)
“ напиша Стерлинг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×