Судијата досуди пенал за Португалија, па српските фудбалери го прелажаа дека не е и тој ја смени одлуката! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Португалија и вечерва мораше да се задоволи само со бод, против Србија одигра 1-1 на „Луж“ во Лисабон. Домаќините до последен миг се обидуваа да стигнат до цел плен, во судиското надополнување имаа неколку прилики, но среќата не ги пратеше.

Актуелниот шампион на Европа исто така ќе има за што да му замери на судијата Марчињак за еден контроверзен момент од 73. минута. Рукавина играше со рака во петерецот и арбитарот од Полска покажа на белата точка.

Фудбалерите на Србија протестираа, Рукавина се правдаше дека не играл со рака и објаснуваше дека топката го удрила во лице, а Марчињак по консултација со помошникот реши да ја преиначи одлуката на големо изненадување на сите на стадионот и фановите пред малите екрани.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×