Поранешниот
претседател на Фудбалската Федерација на Италија, Карло Тавекио тври дека
Антонио Конте сака да се врати на клупата на Аѕурите.
Конте се очекува
да пронајде нов клуб за идната сезона, одреден период води битка со неговиот
поранешен клуб Челси во однос на компензацијата која посакува да ја добие по
раскинот на договорот, а Тавекио тврди дека тој сака да седне на клупата на
Аѕурите каде моментално селектор е Роберто Манчини.
„Конте сака да се
врати на клупата на Италија“ открива Тавекио.
„Тој е вистински
лидер, има голема вредност во нашиот фудбал, се уште имам приврзаност кон него“
додаде Тавекио кој се уште жали за тоа што не договорил соработка со Конте пред
да се случи големиот шок за Италија која не избори место на последното Светско
првенство кое се одржа во Русија.
„Јас се уште
жалам за тоа што не му ги овозможивме неговите посакувани услови во 2016.
година, односно што не му дадовме онолку пари колку што бараше, ние веројатно
би се пласирале на Светското првенство“ заклучи Тавекио.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.