250
„Кралевите“ имаа
катастрофална сезона па се очекува летоска да биде направена реконструкција на
тимот. Според пишувањата на Франс Фудбал, Реал Мадрид планира да донесе две до
три ѕвезди од средниот ред и нападот за почеток на нов циклус.
Зинедин Зидан
веќе ја одбрал целта број 1 и се работи за неговиот сонародник Килијан Мбапе.
Весникот додава дека Флорентино Перез ќе се обиде да ја исполни желбата на Зизу
и во следните недели ќе достави рекордна понуда од 280 милиони евра.
