Навивач на Зимбабве загина во стампедо пред стадионот

by
1 минути читање

Според локалните медиуми, Маи Тадива загинал во стампедо предизвикано од нетрпеливите навивачи кои се обидувале насилно да влезат во стадионот.

Фудбалската федерација на Зимбабве го потврди инцидентот и изрази сочуство до фамилијата на загинатиот навивач.

Ова не е прв ваков проблем во Африка, за големите натпревари многу често во продажба се пуштаат и фалсификат влезници па на стадионот се обидуваат да влезат многу повеќе луѓе отколку што е капацитетот и често доаѓа до инциденти.

Што се однесува до натпреварот, Зимбабве го победи Конго со 2-0 и обезбеди пласман на првенството во Египет кое ќе се игра во јуни и јули.

Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×