167
„Сицилијанците“
чекорат кон нова победа и во дуелот со Карпи на пауза заминаа со водство од
2-0. Најзаслужен за ова капитална предност е Илија Несторовски. Македонецот во
период од четири минути забележа асистенција и гол.
Капитенот најпрво
во 11. минута со глава одлично спушти за Фалети, кој реализираше за 1-0.
Потоа „Нестогол“
доби една топка пред шеснаесетникот, убаво се солободи од својот чувар и со
десна биеше прецизно по земја за 2-0 во 15. минута.