Горан Пандев го урна Јувентус, гол и асистенција за Македонецот! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Џенова слави голема победа против Јувентус, а херој е македонскиот капитен Горан Пандев.

Пандев во игра влезе во 60. минута и веднаш ја живна играта на Џенова, влегуваше лесно во шанси и ги разигруваше своите соиграчи.

Во 72. минута му асистираше на Стураро кој со шут од далечина го совлада Перин за водство на Џенова од 1-0.

Десет минути подоцна убав гол на Пандев со кој ги реши сите дилеми околу победникот, Македонецот ги постави конечните 2-0.

Ова беше првиот пораз на Јувентус во Серија А оваа сезона, треба да се напомене дека шампионот на овој меч беше без Кристијано Роналдо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×