Мончи го одбива Арсенал за да се врати во Севиља: Срцето никогаш не заборава…

by
1 минути читање

Мончи важи за трансфер гуру, човек кој знае да ги пронајде вистинските фудбалери за малку пари кои подоцна ќе имаат висока цена на трансфер пазарот.

Тој го раскина договорот со Рома за помалку од 24 часа откако клубот реши да му врачи отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо.

Се веруваше дека Арсенал ќе биде следната дестинација на Мончи, но сега поверојатно е дека тој ќе се врати во Севиља.

Претседателот на Севиља, Хозе Кастро синоќа потврди дека почнати се преговори со Мончи и дека и двете страни се оптимисти за постигнување на договор.

Утринава Мончи на социјалните мрежи постираше: „Срцето никогаш не го заборава местото каде тоа ги оставило најубавите отчукувања“. 

Се верува дека со оваа порака тој го најавува враќањето во Севиља.

Проверете го викенд тикетот на BetAdria.com.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×