Германскиот
фудбалски стратег од кормилото на Ливерпул, и покрај поврзаноста со Борусија
Дортмунд, би требало да биде тренер на Баерн Минхен еден ден, смета Франц
Бекенбауер, поранешниот претседател на Баварците и легенда на германскиот и
светски фудбал.
Иако одигра без
голови на првиот меч во Англија, Баерн Минхен не го искористи домашниот терен
синоќа на реваншот против Ливерпул и загуби со 1-3, со тоа што доживеа
елиминација уште во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Бекенбауер смета
дека Клоп би бил идеален тренер за Баерн Минхен, а тој претходно освои две
титули во Бундеслигата предводејќи го ривалот на Баварците, Борусија Дортмунд.
„Јирген Клоп во
Баерн Минхен, тоа би било нешто прекрасно, тој е човекот што ги научи
Германците како да играат брз фудбал“ рече Бекенбауер во изјавата за Скај
Германија.
Голем е
притисокот врз Нико Ковач кој извесно е дека по крајот на актуелнава сезона ќе
го напушти кормилото на Баерн Минхен, а на истата позиција ќе седне позвучно
тренерско име.