„Кралевите“
започнаа со реконструкцијата по катастрофалната сезона. Зинедин Зидан по
само три дена го доби првото засилување, се работи за 21 годишниот Едер Милитао
од Порто. Бразилецот ја игра својата прва сезона на Драгао но импресионираше со
настапите и веќе пет месеци по ред е прогласуван за најдобар дефанзивец во
Португалија.
Реал Мадрид не
открива детали од зделката, но Порто во известување до берзатаоткри дека ќе бидат платени 50 милиони евра, колку што изнесува откупната
клаузула на играчот. Еден Милитао, кој настапува како централен дефанзивец, но без проблем може да ја покрие и позицијата десен бек,
летоска ќе пристигне на Сантијаго Бернабеу и ќе се обврзе до 30. јуни 2025.
„Реал Мадрид и
Порто го договорија трансферот на Еден Милитао, кој ќе се обврзе кон клубот во
следните шест години, до 30. јуни 2025“ – гласеше известувањето.