На враќањето во
Мадрид, Кристијано Роналдо доби жесток пречек, навивачите на Атлетико цел натпревар
го навредуваа Португалецот. Јувентус загуби со 2-0, ЦР7 беше неприметлив на
Ванда, па радоста на домаќините беше огромна.
Сепак, Кристијано
Роналдо блесна на реваншот, постигна хет-трик и ја однесе „Старата дама“ во
четвртфинале. Па напаѓачот им врати мило за драго на „колчонероси“.
По последниот
свиреж тој ја копираше фамозната прослава на Диего Симеоне од првиот меч, и
покажа дека има „големи мад*ња“. Но не беше само Чоло, камерите на емисијата
„Вамос“ го уловија Кристијано Роналдо како се „пресметува“ и со навивачите на
Атлетико.
Откако го
реализираше пеналот за 3-0 во финишот од мечот, ЦР7 и сограчите прославуваа во
близина на трибината на која беа фановите на Атлетико. Па Португалецот имаше
што да им каже и ги нарече „ку*вини синови“.
Las reacciones de Cristiano Ronaldo en el triunfo ante el Atlético de Madrid. #NoticiasVamos pic.twitter.com/uhb9HWMpVE
— #Vamos de Movistar+ (@vamos) March 13, 2019