Баерн Минхен и Ливерпул вечерашниот меч го почнаа со почетните 0-0, бидејќи мрежите мируваа на Енфилд. Предноста на домашен терен ја имаа Баварците, но Англичаните се радуваа.
Резултатот беше отворен во 26. минута кога Мане убаво го помина истрчаниот Нојер и даде гол за водство на Ливерпул од 1-0.
Во 39. минута Матип ја затресе сопствената мрежа и Баерн Минхен го изедначи резултатот но поради гол во гости Ливерпул уште имаше предност.
Во 69. минута од мечот по еден центаршут од корнер на Милнер, Ван Дајк само се поклони и постигна гол за ново водство на Ливерпул, а конечните 3-1 ги постави Мане во финишот од мечот со својот втор гол.
Ливерпул им се приклучи на Манчестер Сити, Јунајтед и Тотнем во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а од шпанските тимови таму ќе биде само Барселона која денеска го прегази Лион со 5-1.
Меси даде два гола, имаше и две асистенции, по еднаш погодија Кутињо, Пике и Дембеле. Голот за Лион беше дело на Тусар.
Ова беа последните две средби од осминафиналето, покрај Барселона и Ливерпул понатаму продолжуваат Манчестер јунајтед, Ајакс, Тотнем, Јувентус, Порто и Манчестер Сити.