134
Фудбалерот од
средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ е желба број еден за Реал Мадрид
во претстојниот летен преоден рок, пишуваат одредени медиуми во Шпанија.
Според Ел
Чирингуито ТВ, Србинот е примарна цел на шпанскиот гигант за во летниот преоден
рок, а 24 годишниот Милинковиќ-Савиќ постојано е дел од разни шпекулации
поврзани со неговата иднина.
„Тој има
петгодишен договор и ние не сакаме да го продадеме бидејќи станува збор за
одличен фудбалер, но, во животот не можете никогаш да кажете никогаш“ изјави во
ноември ланската година, претседателот на Лацио, Клаудио Лотито.
Интер и Милан
исто така се споменуваа како заинтересирани екипи за Србинот.