Платата на Зидан двојно помала од онаа на Симеоне

by
1 минути читање

Зинедин Зидан ќе
има годишна плата од 12 милиони евра во Реал Мадрид, а тоа значи дека
францускиот фудбалски стратег ќе заработува дури двојно помалку од шефот на
стручниот штаб на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

Ел Конфиденсиал
ги објави деталите од договорот на Зидан во враќањето на клупата на европскиот
шампион, откако потпиша договор со Кралевите до 2022. година.

Претходно
наведениот  медиум пренесе за претходната
плата на 46 годишниот Французин во Мадрид која изнесуваше 7,5 милиони евра од
сезона, со бонуси во договорот во зависност од успесите на клубот, а сегашната
фиксна плата е за 4,5 милиони евра повисока во однос на таа.

Симеоне е
најдобро платениот тренер во светот на фудбалот
со годишна плата од неверојатни 24 милиони
евра, како за потсетување, Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед
заработуваше 20 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×