182
Икарди веројатно е на излезна врата од Интер откако одбива да игра по одземањето на капитенската лента.
Се шпекулира дека Наполи му нуди девет милиони евра по сезона плус два милиони евра во бонуси. А интерес има и од Јувентус.
Италијанскиот новинар, Танкреди Палмери за „Тутомеркато“ веб пишува дека Реал Мадрид стапиле во контакт со Икарди и му ветиле поголема плата од таа што му ја нуди Наполи.
И за Интер помалку болно ќе биде доколку го продадат Икарди надвор од Италија, но секако, на нивна адреса треба да пристигне и голема понуда.