Португалецот има
срушено еден куп рекорди во Лигата на шампионите, каде е најдобар стрелец во
историјата на ова натпреварување. Дека овие мечеви му будат посeбни мотиви уште
еднаш покажа синоќешниот дуел против Атлетико.
Јувентус беше на
прагот на елиминација откако загуби со 2-0 во Мадрид, но Кристијано Роналдо
имаше магична ноќ и со хет-трик ја однесе „Старта дама“ во четвртфиналето. ЦР7
со овој учинок само ги подобри и онака лудите бројки во најелитното европско
натпреварување.
Кристијано
Роналдо може да се пофали со 124 погодока постигнати на 160 меча во Лигата на
шампионите.
Тој е инволвиран
во 77 погодока на 77 натпревари во нок-аут фазата од Лигата на шампионите (63
погодока и 14 асистенции).
Португалецот
учествуваше во последните 5 елиминации на Атлетико Мадрид под водство на
Диего Симеоне (2014 финале, 2015 четвртфинале, 2016 финале, 2017 полуфинале и
2019 осминафинале).
ЦР7 има
постигнато 25 погодока на 33 натпревари против Атлетико Мадрид во сите
натпреварување. Само Севиља му е „поголем пациент“ против кого има 27 погодока.
Кристијано
Роналдо е првиот играч на Јувентус кој постигнал барем 3 погодока на
натпревар од нок-аут фазата во Лигата на шампионите во последните 20 години.
Последен на кого му успеало ова е Алесандро Дел Пјеро против Монако на 1. април
1998 година.
Хет-трикот против
Атлетико Мадрид беше негов 8-ми во Лигата на шампионите со што се изедначи со
Лео Меси.