Рајола преговара со Манчестер јунајтед за едно големо засилување

by
1 минути читање

Агентот на
Лоренцо Инсиње, Мино Рајола е во преговори со Манчестер јунајтед, околу
потенцијален трансфер вреден цели 100 милиони евра со што напаѓачот би се
преселил на Островот, пренесе Газета дело Спорт.

Италијанскиот
медиум тврди дека 27 годишниот фудбалер на Наполи во моментов е оставен сам на
себе да одлучи што понатаму во неговата кариера, сево ова доаѓа откако тој доби
свирежи од навивачите на Калчолигашот.

Иако целата своја
досегашна кариера Инсиње ја мина во клубот во градот каде воедно е роден,
постојано беше поврзуван со можен трансфер во повеќе европски гиганти, посебно
од Премиерлигата, од каде доаѓаше најголемиот интерес за него.

Шпекулациите
посебно се зголемија по неговата изјава каде тврдеше дека ќе даде се
од себе во дресот на Наполи, се додека е
во клубот каде има важечки договор до 2022. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×