Мохамед Салах
подолг период не игра во посакуваната форма, но сигурно дека големо влијание
има неговата улога во тактиката која изминатиов период ја користи шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп.
Мане е фудбалерот
кој е во најдобра форма во редовите на тимот од Енфилд моментално, а тоа на Салах воопшто не му пречи, па тој јасно посочи дека навивачите имаат една голема желба која сезонава мора да биде
остварена.
Иако за него
најпрестижното натпреварување е Лигата на шампионите, и секако неговиот сон е
титула во европското клупско натпреварување, тоа не е случај и кај навивачите
на Премиерлигашот, кои сонуваат за титула во Премиерлигата.
„Најпрестижното
натпреварување за мене е Лигата на шампионите, но, сонот на целиот град и
клубот е лигата, јас сум среќен што ќе го жртвувам мојот сон за нивниот“ посочи
Салах.
Последната титула
за Ливерпул на Островот е од сезоната 1989/90, од тогаш па наваму фановите на
таа екипа очајно посакуваат трофејот да се врати на Енфилд, а сезонава иако беа
во пол позиција а воедно и распоредот им даваше голема надеж, неколку киксови
го вратија Манчестер Сити на врвот со бод предност на осум кола до крајот.
class="twitter-tweet" data-lang="en">Humble. pic.twitter.com/88KblscB1K
—
B/R Football (@brfootball) March
12, 2019