Според „Фокс Спортс“, селекторот на Франција, Дидие Дешам сега е прв фаворит за нов тренер на Јувентус.
Дидие Дешам како фудбалер го носеше дресот на Јувентус, а беше и тренер на „Старата дама“ и тоа кога тие играа во Серија Б. Тогаш Дешам го врати тимот во најдобрата италијанска лига и си поднесе оставка поради несогласувања со управата.
Дешам беше дел од последниот тим на Јувентус кој ја освои Лигата на шампионите, во 1996 година.

Но, се чини дека оваа опција не е многу веројатна за Јувентус, бидејќи Дешам се уште има договор со Франција со која го освои Светското првенство во Русија. Не е за верување дека тој ќе го раскине договорот со светскиот шампион.
Медиумот не отфрла ниту можно враќање на Антонио Конте кој е без работа откако доби отказ од Челси. Конте високо котира кај фановите на Јувентус.
БетАдриа Ви нуди бонус до 20 евра за последните натпревари од осминафиналето во ЛШ.