19 годишниот Де
Лихт важи за еден од најперспективните играчи на „стариот континент“ и неодамна
стана првиот дефанзивец кој стигнал до признанието „Златно момче“ на годината.
Па половина
Европа сака да го види Холанѓанецот во своите редови, но последните информации
велат дека Барселона е во пол позиција откако самиот фудбалер изразил желба да
се пресели на Камп Ноу.
Според пишувањата
на Мундо Депортиво, иако нема добиено конкретен предлог од Барса, Матијс де
Лихт верува дека неговата иднина е во гигантот од Шпанија. Со иста приказна
излезе и вториот каталонски весник, Спорт, кој вели дека репрезентативецот на
„лалињата“ изразил желба за трансфер на Камп Ноу.
На оваа тема
говореше и добро упатениот новинар Ориол Доменеш во емисија на Еспорт 3. Тој
вели дека членови на семејството, директори на Ајакс и спонзорите на Матијс де
Лихт знаат каква е намерата на играчот, односно дека тој сака преселба во
Барселона.
Шампионот на
Шпанија сега треба повторно да седне на маса со Ајакс и да пронајде заеднички
јазик за втората голема ѕвезда на клубот од Амстердам, се шпекулира со сумата
од 70 милиони евра. Барселона од
Ајакс веќе го купи Френки де Јонг, за кого плати 75 милиони евра, плус додатни
11 милиони евра во бонуси.