Може ли и Јувентус да направи голем пресврт како Ајакс и Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Јувентус од Мадрид се врати со лош резултат, пораз од 2-0. За да се пласира меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите, „Старата дама“ ќе треба да победи со три голови разлика или да оствари идентичен триумф како и Атлетико па да се надева дека подобро ќе ги изведе пеналите.

Пред Кристијано Роналдо и Реал Мадрид е тешка мисија, но не и невозможна. Минатата недела многу малку луѓе веруваа во Ајакс и Манчестер јунајтед, но тие направија големи резултати и покрај неповолните први мечеви и се пласираа во четвртфиналето.

„Мислам дека имаме добар тим и полни сме со самодоверба, веруваме дека можеме да дојдеме до резултатот кој ни треба. Ние веруваме, им порачувам и фановите да веруваат и со нивна помош да ја завршиме работата“, изјави Кристијано Роналдо.

Нема сомнение дека Роналдо и неговите соиграчи вечерва ќе истрчаат максимално мотивирани за голем пресврт, а дали ќе дојдат до него ќе се праша и Атлетико Мадрид кој знае да одигра тврдо, на резултат

Во вториот денешен дуел Манчестер Сити не би требало да има проблеми со Шалке. Тимот на Пеп Гвардиола победи и во Гелзенкирхен, славеше со 3-2 иако имаше десет играчи во голем дел од мечот.

За последните мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите, БетАдриа ви нуди бонус до 20 евра, регистрирајте се и почнете да играте!

Можно е и ова да ти се допаѓа

×