Реал Мадрид лошо почна, добро заврши, победа над Ваљадолид (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ваљадолид имаше страшен почеток на мечот, буквално го доминираше Реал Мадрид. Домаќините промашија пенал во 12. минута, Алкараз не беше прецизен, а брзо потоа дадоа два гола кои беа поништени со помош на ВАР поради офсајд.

Конечно во 29. минута дадоа регуларен гол, Туами постигна погодок за водство на Ваљадолид од 1-0, во тие моменти Реал Мадрид изгледаше немоќно.

Но само пет минути подоцна Варан успеа да го изедначи резултатот на 1-1. На полувремето се замина со реми.

Во вториот дел Реал Мадрид заигра многу подобро. По шест минути игра Бензема погоди од пенал за комплетен пресврт и водство од 2-1. Осум минути подоцна тој даде уште еден гол за 3-1.

Конечните 4-1 беа дело на Лука Модриќ со гол на пет минути пред крајот на мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×