Сериозен инцидент во Бирмингем: Фан влезе на теренот и удри играч на Астон Вила! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Главна тема во Англија денеска е инцидентот кој се случи на дербито меѓу Бирмингем и Астон Вила. Фан на домашниот тим влета во теренот и со бокс од позади го удри гостинскиот играч Џек Грејлиш.

Инцидентот се случи во 10. минута кога навивач на Бирмингем влезе во теренот и од позади го удри Грејлиш.

Навивачот веднаш бил уапсен и однесен во полициска станица.

Интересно, натпреварот го реши токму Грејлиш кој го постигна единствениот гол на мечот во 67. минута и донесе победа за Астон Вила против градскиот ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×