Солари ќе го предводи Реал и против Ваљадолид, од понеделник Мурињо седнува на тренерското столче?!

by
1 минути читање

Сантијаго Солари на
момент ќе ги преживее трите порази во седум дека кои кулминираа со срамната
елиминација во Лигата на шампионите од Ајакс.

Претседателот
Флорентино Перез денеска имал средба со генералниот дирекот Хосе Анхел Санчез и
дискутирале што да прават со стратегот. Тие разгледувале и анализирале различни
сценарија. Се чинеше дека Сантијаго Солари уште вечерва ќе добие отказ, но без
јасен план за следниот период, одлуката е одложена.

Па Аргентинецот ќе биде на клупата на Реал Мадрид за дуелот со Ваљадолид во недела. Но
неговите денови се одбројани и се верува дека веќе во понеделник ќе пристигне
соопштение за негово заминување.

Од сите страни
пристигнуваат информации дека Жозе Мурињо ќе седне на жешкото столче на
Сантијаго Бернабеу, но според Марка, се уште ништо не е решено.

Весникот вели
дека „специјалниот“ е едно од имињата кои ги преферира Флорентино Перез, но
опција е и Зинедин Зидан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани