141
Рома иако мечот со Порто го почна со предност од 2-1, на Драгао загуби со 3-1 и доживеа елиминација од елитното натпреварување.
Тој пораз ја прели чашата кај раководството на Рома кое речи да му врачи отказ на тренерот Еузебио Ди Франческо.
„Од мене и сите во Рома, би сакал да му се заблагодарам на Еузебио за работата и посветеноста. Откако дојде во клубот, тој секогаш се однесуваше професионално и потребите на клубот ги ставаше пред своите. Му посакуваме се најдобро во иднина“, изјави претседателот на Рома, Џим Палота.
Во италијанските медиуми силно се шпекулира дека Клаудио Раниери ќе биде новиот тренер на Рома.