ПСЖ триумфираше
со 0-2 на Олд Трафорд и тогаш веројатно сите го видоа шампионот на Франција во
четвртфинале. Манчестер јунајтед сепак не се предаде и синоќа во Париз приреди
големо изненадување и славеше со 1-3 за прогрес во следната рунда.
Разочарувањето на
Паркот на Принцовите е огромено, особено што голот за 1-3 падна од контроверзен
пенал во финишот од мечот. Сепак, еден играч не беше погоден толку многу.
Неколку часа по
пресметката, Адриен Рабио беше забележан во еден ноќен клуб во Париз.
Фудбалерот убаво се забавуваше со насмевка на лицето во видеото кое беше
објавено на Инстаграм од страна на еден негов роднина. Истото за брзо време
беше тргнато, но не пред да го забележат фановите и да почнат да го споделуваат на социјалните мрежи.
На „Парижаните“
сигурно нема да им се допадне ова, но деновите на играчот и онака се избројани.
Тој нема намера да стави потпис на нов договор, а како казна, уште од декември
месец е надвор од составот.
Adrien Rabiot a été aperçu en boîte hier soir après la défaite du PSG face à United
Qu’en pensez vous les supporters parisiens?a href=”https://t.co/B8KP9yk1EJ”>pic.twitter.com/B8KP9yk1EJ
— PFC (@PassionFootClub) March 7, 2019