Трите прашања кои Невил му ги постави на Солскјер по големата победа на Манчестер јунајтед над ПСЖ

by
1 минути читање

Ако „ѓаволите“
имаа некакви дилеми за тоа дали Оле Гунар Солскјер заслужува да ја добие
работата, по синоќешното гостување кај ПСЖ сигурно немаат. Норвежанецот без десет
играчи и со крпен тим успеа да испише историја и со триумф од 1-3 во Париз да
го однесе Манчестер јунајтед во четвртфинале од Лигата на шампионите.

Гери Невил нема
дилема, и смета дека Оле Гунар Солскјер останува на кормилото па по синоќешната
победа над ПСЖ му постави три прашање на својот поранешен соиграч во интервју
за беИН Спорт.

„Оле, имам три брзи прашања за тебе. Кажи колку долг сакаш да биде договорот, колку голема да ти биде
платата, и каде да ти биде поставена статуата?“
– праша Невил со насмевка на
лицето.

Норвежанецот исто
така со насмевка на лицето одговори: „Фантастична ноќ, нели? Јас само се
обидувам да ја завршам работата најдобро што умеам до крајот на сезоната, и да
почекам и да видам каква ќе биде одлуката на клубот“.

Невил на ваквите
коментари рече: „По ова, јасно е каква ќе биде одлуката“.

„Да, постојано го
слушам истово. Едноставно мораме да ја запаметиме оваа ноќ, ова е фантастична
ноќ, го вративме духот на Манчестер јунајтед“
. – додаде Солскјер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани