Тухел: Се уште сум поддржувач на ВАР, но…

by
1 минути читање

Во драматичен меч Манчестер јунајтед со гол на Маркус Рашфорд од пенал во судиското продолжение дојде до победа од 3-1 против ПСЖ и се пласира во четвртфиналето.

Пеналот беше досуден откако судијта се консултираше со ВАР по играње со рака на Преснел Кимпембе.

Навивачите на двата тима дебатираат дали беше пенал и има различни размислувања. Тухел не се сложува дека имаше најстрога казна.

„Јас сум голем поддржувач на ВАР и ќе останам голем поддржувач на ВАР“, вели Тухел.

„Кога Далот шутна мислев дека топката отиде високо над пречката. Се изненадив кога беше досуден корнер бидејќи не видов дека таа удри некого. Потоа судијата се консултираше со ВАР. Има многу точки за разгледување, дистанцата на фудбалерот, дали тој ја мрдна раката, 50-50 е. Некои ќе речат дека е пенал, некои ќе речат дека не е“.

„Според мене пеналот нема смисла да се досуди пенал, но ние игравме на тенка линија 60 минути и знаевме дека ова може да се случи“.

„Тешко е. Мислам дека има причини зошто може да се досуди ваков пенал. Кога отиде да се консултира со ВАР знаевме декаима причини. Кога е игра со рака, имате слаби факти, не цврсти. Шутот беше висок, но беше досуден пенал. ОК“.

„Разочарани сме. Гледајќи што се случуваше во текот на 180 минути, не заслуживме да бидеме елиминирани. Ова е големо разочарување за нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×