Кејн избегна казна за „судирот“ со Азпиликуета

by
1 минути читање

Хари Кејн нема да
се соочи со суспензија од Фудбалската асоцијација на Англија по неговата
расправија со Цезар Азпиликуета во дербито против Челси, каде Тотенхем на
гостувањето на Стемфорд Бриџ синоќа загуби со 2-0.

Кејн и
Азпиликуета си разменија неколку зборови одблизу, а главниот арбитар од
пресметката во Лондон, Андре Маринер беше приморан да интервенира во таа
ситуација.

Иако постоеше
сомнеж дека капитенот на Гордиот Албион ќе добие суспензија поради наводно
користење на вулгарни коментари кон Шпанецот, сепак избегна такво нешто откако
Маринер известил дека ја проследил целата ситуација, што значи дека напаѓачот
на Тотенхем нема да се здобие со казна и ќе биде во составот на Покетино за градското дерби со Арсенал на домашен терен во сабота во рамките на Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани