„Мирор“ дознава што се случувало во соблекувалната на Челси по мечот со Манчестер Сити.
Фудбалерите на Челси му дале поддршка на Маурицио Сари кој во соблекувалната влегол во жестока кавга со Кепа иако во официјалните изјави за медиумите велеше дека сето тоа било само недоразбирање.
Соиграчите на Кепа застанале на страната на тренерот, а исто така му дале поддршка и на Вили Кабаљеро кој остана крај аут линијата да чека да влезе на местото од Аризабалага.
Сари отворено пред сите во соблекувалната со висок тон буквално му се „дерел“ на Кепа велејќи „Како можеше да го направиш тоа?“. Антонио Рудигер истапил и се обидел да го смири разлутениот тренер.
Челси го казни Кепа со една неделна плата која изнесува околу 200.000 фунти. Голманот им се извини на тренерот, соиграчите, клубот и навивачите.