Разлутен играч на Фантази со прашање до Кансело: Треба да чекам две години за асистенција или гол? (ФОТО)

by
2 минути читање

Десниот бек на
Јувентус, Жоао Кансело доби непријатна порака од гневен играч на Фантази фудбал
откако истиот бил исфустриран поради тоа што на фудбалерот на италијанскиот
првак едноставно не му одело на таа игра.

Ентони Аженгуи го
загубил трпението по само три меча во Серија А откако Кансело немал никакво
учество во погодоците на Јувентус.

Дали треба да
чекаме две години за да реализираш една асистенција или да постигнеш погодок?

го прашал Аженгуи Португалецот во порака на Инстаграм.

За фантази
фудбал се обложувам на се
во
тебе што се однесува до играта во одбраната, но, досега ти си ми едно големо
разочарување, потоа следат и оние жолти картони кои непотребно ги добиваш

додал тој во пораката, а на истата следела и реакција на Кансело.

Оди по ѓаволите,
не се грижам за фантази фудбал, ниту пак за било каква игра од тој тип

возвратил Кансело.

Најважното од се
е да се победи, повеќе не ми праќај
вакви пораки
“ додал фудбалерот на Јувентус во одговорот до гневниот Аженгуи.

Вон играта, оваа
сезона поранешниот дефанзивец на Интер постигна еден погодок, а реализираше и
четири асистенции за Старата дама оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани