Интер прокоцка
три бода од дуелот со Фиорентина на гостински терен откако Виолетовите стигнаа
до реми од 3-3 откако постигнаа гол во 101. минута од пенал, по прегледување на
снимките, главниот арбитар од пресметката досуди удар од белата точка, иако
ситуацијата беше дискутабилна.
Политано беше
еден од стрелците за Нероаѕурите, а тој по неговиот гол за 1-2, имаше начин на
прослава на истиот, кој веројатно не му се допадна на Перишиќ, па Хрватот го
удри по рака својот соиграч кој прослави во стилот на Икарди, кому пред извесен
период му беше одземена капитентската лента, а притоа одби да биде во составот
на Интер при што предизвика големи реакции во јавноста.
Веројатно
Политано испрати поддршка до напаѓачот, а реакцијата на Перишиќ, која можеше да
донесе судир помеѓу обајцата, ја налути сопругата, а воедно и агент на Икарди.
„Во фудбалскиот
свет постојат многу неправди, како што е пеналот за Фиорентина во 101. минута,
па така и однесувањето на Перишиќ по голот на Политано при прославата, го
гледавме пеналот кој го изведе Перишиќ, но, неговата реакција откако погоди не
не убеди дека неговото срце е во Интер“ коментираше Ванда.
„Вакво однесување
на Перишиќ е срамота и неправда кон Икарди. Политано веројатно сакаше да му
искаже поддршка на Икарди, а потоа Перишиќ дојде и сето тоа го уништи, Икарди се
третира како чудовиште, а тој не е тоа“ додаде таа.
data-lang="en">@MauroIcardi
@wandaicardi27
politano esulta come mauro e perisic si arrabbia… sei ridicolo @ivanperisic44
dovevi andare vi zingaro pic.twitter.com/aHGSCxWJCC—
BIAGIO E DERNA (@BiagioDerna) February
24, 2019