Поранешниот претседател на Реал Мадрид: Кристијано се налути по планот на клубот за Нејмар

by
1 минути читање

Поранешниот претседател
на Реал Мадрид, Рамон Калдерон верува дека клубот дозволил Кристијано Роналдо
да си замине откако биле убедени дека ќе дојдат до потписот на Нејмар.

Калдерон го
издвои барањето на Роналдо за повисока плата, а додаде и за неговата реакција
откако ги дознал плановите на клубот околу Нејмар.

Кристијано
сакаше многу поголема плата по освојувањето на Лигата на шампионите
“ истакна
Калдерон во интервју за Радио Вила Тринидад.

Како и да е,
Флорентино ги одби желбите на Кристијано, кој беше многу налутен откако Реал
Мадрид посакуваше да потроши многу пари за да го доведе во своите редови Нејмар

додаде поранешниот прв човек на шпанскиот гигант.

Флорентино му
рече дека доколку некој клуб понуди 100 милиони евра, во тој случај ќе може да
си замине, тоа и се случи
“ заклучи Калдерон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани