Сите го критикуваа но Мурињо го фали Кепа: Ми се допадна тоа…!

by
2 минути читање

По поразот на
Челси на пенали во финалето од Лига купот, целото внимание беше насочено кон
Кепа Аризабалага. Голманот на „сините“ одби да биде заменет во последните
мигови од мечот.

Кабаљеро стоеше
покрај аут линијата, судијата го крена семафорот и го покажа бројот на Кепа, но
чуварот на мрежата одби да го напушти теренот. Па се случи сцена која ретко се
гледа во фудбалот, голманот се натегаше со луѓето од клупата околу две минути а
Сари беснееше крај аут линијата.

Ваквото
однесување на Кепа предизвика силни реакции, Шпанецот беше критикуван од речиси сите кои синоќа го следеа дуелот на
Вембли. Но поранешниот тренер на Челси, Жозе Мурињо беше еден од ретките кои не му замери толку многу на голманот, па дури
упати и пофални зборови.

„За среќа јас
никогаш во кариерата не требав да се справувам со ваква ситуација. Голманот
сака да го покаже својот победнички карактер, својата самодоверба, сака да
покаже дека е спремен да помогне и да брани во пенал серијата – и ова ми се
допаѓа“
– вели Португалецот.

„Но не ми се
допаѓа тоа што ги стави во незгодна ситуација тренерот и помошникот. Исто така
ситуацијата беше непријатна и за неговиот соиграч, кој беше подготвен да влезе
во игра, а на крајот се најде во проблеми не поради своја вина“.

По крајот на
натпреварот, Маурицио Сари појасни дека се работело за недоразбирање, објасни
дека сакал да го замени Кепа зошто мислел дека има грчеви, но дознал дека се е
ОК дури кога докторот се вратил назад. Потоа
и самиот Кепа посочи дека се работело за недоразбирање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани