Се огласи и Кепа, голманот го објасни инцидентот од негов агол и му се извини на Сари

by
1 минути читање

Во изјавата Кепа Аризабалага неколку пати повторува дека се работело само за недоразбирање, тој му се извинува на Сари велејќи дека немал никаква намера да оди против одлуката на тренерот.

„Морам да кажам дека беше недоразбирање. Во ниту еден момент немав намера да покажам непослушност или нешто слично кон тренерот. Едноставно беше недоразбирање, бидејќи два пати ми беше укажувана помош и тренерот мислеше дека не сум во состојба да продолжам. Имам комплетна почит кон тренерот и неговиот авторитет“, вели Кепа Аризабалага.

„Имаше две три минути на забуна се додека лекарите не отидоа до клупата и објаснија се многу добро. Ова нема врска со проблемите кои ги имав минатата недела, не се работи за бутниот мускул. Не беше тоа. Беше само недоразбирање. Бидејќи тој мислеше дека јас не можам да продолжам, а јас се обидував да кажам дека физички сум добар“.

„Знам дека доколку гледате однадвор, не знам како изгледа ама знам дека не е најдобра сликата. Зборував со тренерот. Мислам дека беше недоразбирање. Видов што се зборува на телевизија и на социјалните медиуми, но јас сум тука да објаснам, да кажам дека немав намера да одам против тренерот“.

„Зборувавме со тренерот, се обидував да кажам дека сум добар, тој мислеше дека не сум добар и не можам да продолжам, во тие моменти имаше тензија и тоа е тоа…“.

„Знам каква слика се направи, но никогаш немав намера да одбијам да излезам. Сакав само да кажам дека сум добар и можам да продолжам да бранам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани